Наслов

Рејбан од краставица

Добро познатата „Прво се храни окото а после устата“ не е за џабе кажана. Кој пробал знае, кој не пробал нека скрати малку од шопската и нека стави краставица на око. Ќе се прероди!

Краставицата е 90% и повеќе вода, а на вашата кожа и треба вода! На вода обично ни текнува после опасна пијанка и неподнослив мамурлак. Кога тогаш ќе ни текне, организмот е толку дехидриран што нема можност за расфрлање и трошење на оваа есенцијална, а толку проста хемиска равенка на вашата кожа. Епа краставицата има!

Милион пати сте ја виделе воведнава слика на некоја типка како ужива удобно и релаксирано сместена со две кругчиња краставица на своите очи. Немој да ги жалите кутрите краставички што не завршиле во шопската бидејќи истата девојка ќе се разбуди со „нов“ пар очи и тотално расположена и опуштена.

Краставиците имаат докажан анти-инфламаторен ефект со што ја намалуваат подуеноста на вашите очи. Па уште и ако се студени тие не само што ја рехидрираат кожата на очните капаци туку и го намалуваат протокот на крв во таа регија со што делуваат неверојатно.

Бидејќи кожата околу очите е многу тенка таа е многу подложна на промени од растегнувањето и подуеноста. Подобро хидратизирана кожа помалку брчки.

А после третманот? Е тоа е веќе друга приказна. Станувате преродени и максимално релаксирани. Па независно дали сте некоја манекенка или бодибилдер, третманов сериозно може да ве направи посреќен, а нема да го наруши квантитетот на вашето мезе!

10 Декември 2012

За авторот