Работно мени за подобар фокус

Во пресрет на новиот работен ден, ова се неколкуте предлог продукти вредни да се најдат во вашата чанта, ранец.

Една неодамнешна анкета покажала дека вработените повеќе би јаделе од некоја храна ако знаат дека истата таа храна позитивно делува врз нивната работна способност. За во оние кризни моменти на пад на концентрацијата, брзо да ја вратите вашата машина на колосек, никако не посегнувајте по чисповите и колачињата. Постојат продукти кои се природни индуктори на мозочната активност.

Темно чоколадо кое е перфектен изговор за повеќе благо да се најде на вашето биро. Но освен тоа темното чоколадо е богато со флаваноли, состојки кои го зголемуваат приливот на крв во мозокот. Со самото тоа мозокот е повеќе алертен, побрзо одговара на надворешните дразби и полесно решава потешки задачи.

Цитрусно овошје ве разбудува со самото помирисување и разлевање на киселкастата арома низ просторијата. Освен што ќе ве освежи, цитрусното овошје ќе ви даде и одлична доза на Ц витамин за малку буст на имунитетот во оваа сезона на настинки.

Вода иако технички не спаѓа во храна, водата е есенција за буквално сите процеси што се случуваат во организмот. Едно нешто треба да запаметите, особено оние кои не пијат доволно вода. Како и секој друг систем, така и нервниот пати од дехидратација која лошо делува врз меморискиот просец. Чувајте едно шише на бирото. Ќе ве натера да пиете повеќе вода, а и да ги протегнете нозете кога ќе биде време за повторно полнење.

Кафе и чај поради кофеинот што се наоѓа во омилените утрински пијалоци на глобално ниво. Освен што разбудува, кофеинот докажано ја подобрува и когнитивната функција, работната способност, концентрацијата и фокусот.

Уживајте во утринското кафе со колегите и имајте пријатен работен ден.