Наслов

Преку јајца

На Џош Тетрик, CEO-то на Hampton Creek Foods му дошло преку глава од сите непотребно потрошени јајца во мајонезите и пекарските производи башка и од начинот на кои се одгледуваат самите кокошки во фармите, па почнува да работи на нов бренд растителни, некокошкини јајца – Beyond Eggs.

Новиот бренд на веге јајца, Beyond Eggs се всушност некој вид на замена на нормалните кокошкни јајца со тоа што само пакувањето во кое тие доаѓаат е различно.

Тука кокошките се надвор од равенката, а јајцата доаѓаат како прашок кој е направен од целосно природни растителни продукти и протеини со што фирмата успеала скоро во целост да направи супституција за кокошкините јајца во смисла на нивната содржина.

Според Џош, кој и самиот е веган, тука не станува збор за моралното прашање во врска со јадењето или нејадењето на животински продукти туку повеќе акцент се дава на условите во кои кокошките се чуваат во фармите, т.н. battery cages, како и на целиот импакт што оваа живинарска гранка (како и другите сточарски гранки) го прави на екосистемот на планетава.

Тимот на Beyond Eggs направиле целосна реплика на нормалните јајца со тоа што употребиле различни видови на растителни продукти како сончоглед, канола, грашок и др. како супституција за протеините од јајцето. Тие се 18% поевтини од кокошкините јајца, имаат помала количина на холестерол, а содржината е целосно биохемиски, молекуларно и во пракса испитанa.

Фирмата, за старт сака да се наметне како замена за јајцата во сите оние процесуирани продукти кои во себе имаат вистински јајца како мајонезот, разните колачиња и пекарски производи со што за огромен процент би се намалила потрошувачката на обичните јајца.

04 Март 2013

За авторот