Послужена е тајната вечера и тоа со репете

Од сиромашна и аскетска „Тајната вечера“ низ вековите се претворила во вистинска гозба за апостолите. Еве како се изменила човечката перцепција за порциите…

По се изгледа дека апостолите низ вековите се подобро и пообилно се хранат. Имено двајца браќа, Брајан и Крег Вансинг, од кои едниот директор на Лабораторијата за храна на Универзитетот Корнел, а другиот проучувач на Библијата, убаво си ги споиле професиите и направиле едно многу интересно истражување. 

Проучиле околу 52 дела на различни автори кои ја отсликуваат „Тајната вечера“, а се насликани помеѓу 1000та и 2000та година. Ги споредиле големината на порциите и лебот на масата од дело до дело, а во предвид ја земале и големината на главите на аполстолите како непроменлива.

Резултатите се навистина интересни. Храната во чиниите го зголемила својот волумен за дури 70%, а лебот на масата го има за 23% повеќе. Не само порциите туку и чиниите пораснале за дури 65.6%. Доволно проценти за да се долови поентата. 

Браќата Вансинг сметаат дека храната станувала сè подостапна, посигурна и поефтина уште од дамнешно време, па токму поради тоа, тој тренд на зголемување на порциите е очигледен во периодот од 1000 години. Како што се гостеле сликарите на паузата, така се гостат и апостолите во нивните дела. Па така во средниот век, фамозната вечера е всушност многу сиромашна и аскетска, за во 1498 кога Да Винчи го завршил својот маестрално дело во Санта Марија дела Грација веќе да заличува на гозба.

 Нивното истражување интересно го оценила и Лиза Р. Јанг, нутриционист и автор на „The Portion Teller“ додавајќи дека се сложува со тоа дека трендот постои подолго време, но дека ’70, ’80 и ’90 биле отскочна даска во зголемувањето на порциите, за денес луѓето по автоматизам и нажалост да се фаќаат за „super-size“.

Извор: Los Angeles Times