3 ефекти од најважниот оброк во денот

Наслов

Појадокот го прави или уништува денот?

Науката вели дека појадокот не е обичен оброк за малку енергија, па да можете да се довлечкате до работа...

Двајцата истражувачи Тања и Јуџин Зилбертер, фрлиле око во многу типови појадоци, нивната содржина и секако појадувачите, нивната способост за преработување на глукозата, возраст и други фактори. По се изгледа појадокот има огромен импакт врз целата ментална изведба во текот на денот...

Појадокот е многу полезен за малите генијалци

...или можеби се генијалци затоа што појадуваат?! Според ова истражување, учениците кои имаат појадок во училишната програма, имаат далеку подобри резултати од оние кои немаат. Можеби наскоро ќе поминуваат двајца со корпа со банички и јогурт и на работните места, ако шефовите го прочитаат ова.

Ориз за појадок?

Јапонските научници велат дека јадењето ориз може да влијае врз коефициентот на интелигенција. При споредба кај студенти со диета базирана на ориз и студенти со диета базирана на леб, Јапонците наишле на поголем волумен на сива маса во мозокот, која се поврзува и со повисок IQ кај студентите кои јаделе ориз во основа. 

Не се заблажувајте рано на сабајле!

Односот помеѓу јаглехидратите и протеините во најважниот оброк во денот влијае врз меморирањето и мисловниот процес во текот на целиот ден. Луѓето кој појадуваат протеински и избалансиран појадок имаат подобра когнитивна функција од оние кој појадуваат само јагленихидрати според швајцарските научници, па можеби треба да ги тргнете житарките малку настрана и да почнете да варите јајца.

 

09 Октомври 2013

За авторот