Печени јајца без масло

Едноставен, но хранлив појадок…

 
  • 1 голем домат
  • јајца (зависи од тоа за колку луѓе спремате)
  • кашкавал
  • сино сирење
  • мешани семиња без сол
  • босилек
  • бибер
 

Подготовка

1. Исечкајте го доматот на дебели парчиња и пропржете го.

2. Истурете ги јајцата и покријте ги со доматите. Попрскајте ги јајцата со босилек и бибер. 

3. Одозгора ставете ги парчињата кашкавал и малку од синото сирење (можете да измешате и повеќе видови на сирење).

4. Истурете малку и од миксот семки, а потоа покријте го тавчето со капак.

5. Оставете го тавчето на среден оган 10тина минути. Потоа, тргнете го поклопецот и почекајте уште 5 минути, додека да испари водата и течноста од доматите.

Забелешка:
Не ви е потребно масло за време на печењето бидејќи јајцата се печат во сок од домати и во маслото од кашкавал и сирење.

Автор

Ilze Timi

Скопје

Македонија