Не слабеете со повеќе мали оброци на ден

Дали ќе бидат два или ќе бидат пет, на крај останува само калориите да се важат…

Една нова студија спроведена од тим на ендокринолози заклучува дека без разлика дали вкупните калории ќе изедете во еден појадок и ручек или ќе ги распоредите во три главни и два споредни оброци, равенството на согорени калории не се менува. 

Студијата ја спровеле врз група дами, кои еден ден јаделе два обилни оброци, а друг ден пет мали оброци. Калориите биле внимателно следени со помош на калориметри. Заклучокот: Не согорувате повеќе калории ако јадете повеќе пати на ден во помали количини. 

Но, сепак повеќе помали оброци ќе ве одржуваат сити, а и нивоата на шеќер во крвта ќе бидат прилично постабилни, нешто што е многу важно за целокупното здравје на човекот.

Значи може да заклучиме дека всушност скратувањето на вкупните калории во текот на денот е можби и најефективниот и најсигурниот начин за намалување на телесна тежина, секако надополнето со барем умерна физичка активност, а не поделбата на два или пет оброци.