Изброј ги калориите полесно

Нема потреба од броеви и математички знаци затоа што сите калории може да ги контролирате на многу лесен начин… 

И не ви е потребен калкулатор, а ниту ни кујнска вага. Всушност вие веќе имате калкулатор, работи на мускулна контракција и е супер персонализиран. А во моментов најверојатно се наоѓа врз глувчето од компјутерот. Да, тоа е вашата дланка.

Еве како функционира градењето на оброк врз основа на дланка, препорачано од precisionnutrition.com

Протеини

Месо и месни производи, легуминози, јајца, риба, млечни прозводи и сета храна набилдана со протеин за мажи се препорачува да биде со димензија на две дланки, а за жени со димензија на една дланка.

        

Зеленчук

Без разлика дали е свеж или зготвен, листест или коренест се препорачува во волуменски износ сличен на волуменот од вашата тупаница, така што на мажите им следуваат „по две тупаници зеленчук, а на жените по една“.

        

Јаглехидрати

Ако внесувате дополнителни јаглехидрати во оброкот како житарки и овошје, користете скупчена дланка за пресметка на количината. И повторно две дланки за машкиот пол, една дланка за женскиот.

        

Масти

Овде спаѓаат сите масла, путер, јатки и други хранливи продукти што изобилуваат со масни соединенија, а нивната количина не смее да пречекори повеќе од еден палец за жените и два палци за машкиот пол.

       

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија