193 за чили пиперки

Ако сте го пробале македонското васаби или чили сендвичот,  ова е итен инфографик за вас!

Кога малото и невино пиперче ќе ве изненади со својот потенцијал, останува само да отпочнете итна постапка за ослободување од лутата сензација. 


 Зошто е добро понекогаш да се јаде луто: ЛУТО ЗДРАВЈЕ 


Состојката капсаицин која е составен дел на сите лути пиперки е всушност фитохемикалија која има голема анти-оксидансна моќ и доколку можете да ја издржите лутината, солзите и жарењето кои се пропратен елемент на лутите пиперки таа ќе ви возврати со низа на позитивни ефекти врз вашето здравје.

Доколку не можете да ја изржите лутината, посегнете по масна или слатка храна и алкохолни пијалоци. Тука спаѓаат сирењето, јогуртотот, млекото, медот, оризот, маслиновото масло, путерот и жестоките алкохолни пијалоци. Набројаните го раствораат капсаицинот, додека водата, пивото и газираните пијалоци може само да ја влошат ситуацијата.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија