Квалитет пред квантитет – императив кога е во прашање исхраната

Купувате од проверени извори или купувате само за да го чкртнете артиклот од списокот за пазарување?

Повеќе големи скандали ја тресат прехрамбената индустрија, почнувајќи со адитиви и пестициди со токсично дејство до подметнување на месо со сомнителен извор и антифриз. Сепак овие работи не се случуваат на другиот крај на светот, туку нажалост се реална приказна и на нашите простори.

За разлика од големите производители, малите компании не подлежат на ригорозни контроли, па во прилог на заработката и количината, малиот производител полесно може да направи и отстапки во квалитетот, а истите лесно да пројдат кај потрошувачите.

„Здравата храна е лек, а квалитетната исхрана превенција и терапија. Преку здрава и балансирана диета превенирате кардиовакуларни и метаболни нарушувања.“Од друга страна пазарите и продавниците се преполни со производи, па одбирањето на најквалитетното и најдоброто може да биде вистински предизвик во џунглата од шарени етикети, кутии и кеси.

Вистинската вредност навистина е голема кога ќе се земе во предвид фактот дека всушност здравата органска храна е лек, а квалитетната исхрана превенција и терапија. Токму затоа преку здрава и разновидна исхрана, секојдневно по малку вложувате во своето здравје, виталност и долговечност.

Затоа е важно силно да се акцентира дека производите кои ги купувате треба да бидат со врвен квалитет, најголема расположливост на нутриенти и одличен вкус. Тоа ќе го постигнете ако купувате од проверени продавници каде грижата за потрошувачите е на високо ниво, ако редовно го проверувате датумот на производот, ако истражувате за брендовите кои ги трошите и ако се држите до проверени извори кои нема да ве изневерат.

Автор

BIOkult

Скопје

Македонија