Кусо и јасно – како до подолг но квалитетен живот?

Совршено ни е јасно дека што и да правиме ние старееме и ќе живееме толку колку што сме кодирани ама може и повеќе ако знаеме како!

Сепак важно е да живееме и квалитетно. Не е сеедно да живееме истрошени и со помош на (недај боже) туѓа нега или да живееме здрави, ведри и во добра кондиција со желба за живот.

Генетика, колку и да е важен фактор не треба да заборавиме дека и ние со своите животни навики, пред се навиките во исхраната и физичките активности можеме да направиме многу за долг ама и квалитетен живот.

Квалитетна исхрана, а пред се урамнотежена во квантитет и ритам е основата за добра телесна тежина и композиција.

Јагленохидратниот модел е основа за здрава исхрана и треба да биде застапен 60-65% заедно со заленчукот и овошјето. Интегралниот облик, од овој процент треба да биде најзастапен.
Простите шеќери и сите негови роднини едноставно треба да ги тргнете од вашето мени.

Мастите треба максимално да бидата застапени 20-30%, се разбира од сортата на незаситени, најдобро нерафинирани масла (маслиново, ленено, јаткасти плодови др.).

Протеинскиот баланс се постигнува со мали количини на посни месни оброци како риба, пилешко и јајца.

Дневниот внес на вода треба да биде минимум 2,5 литри поделени и распоредени во чести порции. Лошите навики во пиење на обична вода се докажан фактор за брзо стареење.

Сето горе наведено ако е добро искомбинирано и поделено во пет оброци (почесто, а помалку). Што помалку сол толку помалку проблеми со здравјето.

Избегнувајте ги сите други лоши навики како пушењето и честите општења со алкохол, а користењето на суплементи битно потребни од чесен произведувач ќе ви бидат добра логистика.

Ако сето ова знаеме да го зачиниме со оптимална физичка активност распоредена и дозирана како треба, нема да има потреба да ја чекаме комисијата за доделување на туѓа нега.