Колку штетно е штетно?

Конечно, добро е да се знае колку (малку) бургери на годишно ниво веќе почнуваат да прават некој не баш пожелни органски промени.

За сите оние што си викаат: Абе ајде, не јадам јас толку често фаст фуд, дај да каснеме нешто мрсничко. Епа еве, пресметајте дали не јадете повеќе од дозволеното.

Хамбургер

Еден хамбургер во просек има 257 калории. Тој содржи пола од препорачаната дневна доза на сол, а според многу мислења месото содржи добра доза на канцерогени материи. Прекумерната консумација на бургери негативно делува на скоро секој систем во организмот.

Се смета дека организмот нема да има штета доколку се јаде максимум еднаш во две недели.

Помфрит

Една порција содржи 340 калории. 100 грама помфрит содржат 8 грама транс масти, што е огромна количина на најголемиот нутриционистички олош на планетава. Тие транс масти, во суштина се причината за високите стапки на срцеви заболувања и дијабетес.

Безбедно количество за јадење е максимум 250 грама на неделно ниво.