Наслов

Кој рече дека не може да се биде фит веган?

Само шест месеци пред да го заврши неговиот прв Ултрамен шампионат, Рич Рол бил со 22kg одвишок на неговото тело и едвај можел да искачи пар скали без да направи одмор. Откријте дел од веганската исхраната која го трансформираше Рич во перфектно фит ултра-човек и го направи еден од 25те најспремни мажи според Men's Fitness магазинот.

Спротивставувајќи се тотално со право на закоравеното и целосно погрешно мислење дека човек не може да преживее без месо, јајца и млечни производи, Рич успеа и повеќе од доволно да ги обезбеди неговите протеински потреби само со веганска исхрана и да се претвори во т.н. ултра – човек. А воедно и неговиот целокупен начин на живот и тренинг, не само исхраната, го направија еден од најспремните луѓе на денешницата.

Според него, веганската исхрана може да нанесе дефицити и промени во вашиот организам, но доколку правилно ги усмерите вашите оброци и ги внесувате правите работи на дневно ниво, вашето тело ќе биде и повеќе од заситено со потребните материи па макар и да сте на ригорозни тренинзи какви што тој одржува (секојдневно пливање и трчање по неколку километри итн.).

Кој е изборот на протеински растителни продукти кои го одржуваат во неговата фит форма?

1. Киноа – Зрната на ова житно растение се одлична протеинска замена за оризот и пастата, послужени со некој друг зеленчук. Тие претставуваат и одличен избор за појадок како житарки комбинирани со ладно млеко и бобинки.

 

 

 

 

2. Леќа – Вкусна, богата и лесна за приготвување. Таа претставува одличен извор на растителни протеини и лесно може да се зготви како некоја чорба.

 

 

 

 

 

3. Темпех – Ферментираниот соја продукт претставува поздрава и далеку повкусна форма на соја од неговиот братучед, тофуто. Со темпехот може да се направат најразлични веге – бургери.

 

 

 

4. Сејтан – Сејтанот е одлична алтернатива за месните производи и тофуто, а се добива од глутен, главниот протеин на житото. Нуди огромни количества на протеини.

 

 

 

5. Грав – Еден од најдобрите растителни извори на протеин кој може да го готвите и консумирате на различни начини.

 

 

 

 

 

6. Спирулина – Сино – зелената алга ги содржи сте есенцијални аминокиселини. Таа содржи 60% протеини и со тоа е најбогатиот протеински извор од сите растителни продукти.

 

 

 

7. Семки од коноп – Тие содржат одлично избалансирани омега – 3, омега – 6 односи и претставуваат одличен извор на протеини.

 

 

06 Јануари 2013

За авторот