Наслов

Киви како приспивна

Зелениот шмек во секоја овошна салата може да ви послужи како приспивна песна, ако имате проблем со спиењето.

Преполно со Ц витамин, кивито преставува супер овошје кое го подобрува имуниот систем, ја зголемува клеточната отпорност и репараторната способност на клетките. Високата содржина на диетални влакна и калиум пак го штитит кардиоваскуларниот систем, а се смета дека кивито во голема мера помага кај деца со респираторни проблеми. Накратко кивито делува позитивно врз повеќе системи во организмот и е задолжително во сечија чинија со овошје.

Од друга страна, најновите истражувања поврзани со ова тропско овошје (кое заради промена на климата се почесто успева и кај нас) покажуваат дека кивито е одлична прва помош за бессоните ноќи.

Локација: Тајван, испитаници: 22 жени и 2 мажи на возраст од 22-55. Сите од нив имале некој тип на нарушување на спиењето, а за време на испитувањето два часа пред легнување задолжително добивале по две киви. Врз основа на прашалници, мерење на време и дневници биле извлечени финалните резултати. Луѓето заспивале дури за 35% побрзо, спиеле 13% повеќе, а квалитетот на сонот според нивните лични дневници и прашалниците се подобрил значително.

Овие податоци ни одблизу не се за потценување. Механизнот на делување не е целосно познат, но не смета дека високата содржина на антиоксиданси и серототнин во кивито помага во справување со инсомнијата. Ниското ниво на серотонин долго време се поврзува депресија, лошо расположение и неквалитетен сон и иако сè уште не е утврден механизмот на делување, сепак подобрување на нивото на серотонин и на антиоксиданси во телото доведува и до поквалитетен сон.

Слатки сништа.

30 Декември 2013

За авторот