Како светот се справува со мамурлакот

Алкохолот не би бил алкохол по дефиниција ако консумацијата на поголеми дози не резултира со пијанство а завршува со мамурлук.

Исконска желба на сите консументи во целиот свет е како да се решат од алкохолот кои е присатен во телото после пиење повеќе од нормално. Основна препорачана доза за алкохол е МАЛКУ…!!! , но и тука сите сме различни во зависност од нашата телесна толерантност.

Идеален лек за мамурлук нема, но во светот има интересни традиционални препораки и рецепти. Во македонските стари лечебници ова е најчестиот рецепт….ВРЗИЈА ГЛАВАТА СО НАМОКРЕНА КРПА СО ОЦЕТ, ЗЕМИ БИРЛАК СТУДЕНА ВОДА И ШЕТАЈ….

На Балканот се користи и расолницата или јувата односно сокот од скиселена зелка во умерен и дози.
Русите препорачуваат користење на сауни после вотка – теревенки а, Монголлците сакаат да пијат сок од домати. Полјаците веруваат во сокот од кисели краставички а пак Порториканците се мачкаат со сок од лимета. Шкотите си подјадуваат колбаси со сварена крв “црн пудинг”. Во Перу прават супа со бибер за “дигањје од мртвите”, а сицилијанците користат “pizzli” или сушен пенис од бик. Корејците сакаат говедска супа со заситрена говедска крв, а Набијците пак користат биволско млеко со рум и ликер.

Кај Унгарците важи правилото дека “клин со клин се избива” па си користат коњаче.
Во Лас Вегас пак постои специјален автобус ” Рај за мамурни” каде се продаваат освежителни течности, намирници, витамини за лекување на мамурлукот.
Прошетките на чист воздух со оптимална брзина со добра хидрација или фитнес вежбичка без претерување е она што го препорачува медицината.
Рецептите во македонските лечебници се најблиску до овие препораки..