Изедете го заштитниот фактор

Летото може да делува како најдобрата сезона за вашата кожа, но под бронзената површина често се крие затишје пред бура за вашите клетки.

Изгорениците од сонце, на почеток се манифестираат како црвенило кое по една две непреспиени ноќи и неколку ладни тушеви проаѓа, но на долги стази може да дојде до појава на рак на кожа. Заштитниот фактор спречува пенетрација на сончевите зраци до кожата одредено време, но кога слободните радикали започнуваат да се создаваат, вие може да ги пречекате спремни со антиоксидансна линија на одбрана. 

Антиоксидансите како витминот Ц, Е, бета-каротените циркулираат низ телото и ги има во сите ткива, вклучувајќи ја и кожата. Бидејќи се голема и разнородна група и имаат различни ефекти се препорачува да ги консумирате преку храната, каде и се биоактивни. Тоа значи дека суплементацијата не ви доставува антиоксиданси во нивната најактивна форма, па затоа јадете виножито од овошје и зеленчук.

Најдобра храна за одбрана од сончевите зраци? Доматот. Изобилува со најмоќниот антиоксиданс, ликопен, а уште повеќе во својата малку преработена варијанта како доматно пире, кога количината на ликопен се зголемува под дејство на процесот на обработка. Зелените листести растенија, дињата, малините и морковот се уште неколку супер извори на моќни антиоксиданси и одлични сојузници против летните горештини.

Сепак експертите велат дека нутри-заштитата од сонце не се случува преку ноќ, туку уште веднаш треба да почнете да се храните УВ протективно и секако нема подобра заштита од триото на лимитирано изложување, висок заштитен фактор над 30 и добра диета насочена кон заштита на кожата!