Истражување: мозокот може да тренира здрави навики

Одлуката да посегнете по салата наместо по пржени компирчиња не мора да биде донесена со тешки маки. Едно истражување вели дека можете да тренирате донесување на добри нутри одлуки…

Истражувачите тргнале од фактот дека никој не е роден со желба за брза и нездрава храна, туку исхраната се моделира во текот на животот под влијание на повеќе фактори.

Мала група на испитаници биле скенирани со помош на магнетна резонанца. Групата потоа била вклучена во програма каде следеле часови за контрола на порција, важноста на диеталните влакна, потребата на енергија од протеини и слични лекции за здрави навики во исхраната.

По 6 месеци, на нова тура скенирање, кај испитуваната група која изгубила килограми, имало разлика и во центрите на мозокот кои се одговорни за зависност и учење, додека кај контролната група овие центри останале непроменети.

Овие региони од мозокот биле повеќе сензититвни на нискокалорична храна, а слабо реактивни на висококалорична храна. Иако оваа студија е извршена на група од само 13 луѓе, сепак е прва која покажува дека мозочната активација кон храната може да биде изменета, а со тоа и целиот начин на исхрана и отвора поле за дополнитени испитувања.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија