Неподносливост на храна

Наслов

Интолеранција на храна

Интолеранција на храна односно неподносливост на вид на храна е состојба која може да предизвика абнормални реакции на организмот кои многу често тешко се откриваат.

Всушност, интолеранцијата се јавува кога телото не е во можност да се справи со одреден тип на храна, односно тоа е реакција на организмот на некои протеини кои се внесуваат со исхраната. 

Оваа состојба не треба да се меша со алергија на храна бидејќи тука реакцијата на имуниот систем често е изоставена.

Широката симптоматологија опфаќа повеќе системи.

Најчесто се присатни гастроинрастиналните пореметувања како болки во стомакот, опстипација, дијареа, надуеност (метеоризам), иритабилно дебело црево, потоа дерматолошките промени како акни, екцеми, уртикарија и други различни осипи по кожата.

Психолошки пореметувања како премореност, мачнина, депресија, главоболка и мигренозни напади дополнително ја комплицираат дијагностиката.

Поретко се присутни и редица на респираторни синдроми од типот на астма, фарингитис, ринитис и др.

Честопати и неуспешноста на нискокалорични диети во комбинација со телесни активности во борба против вишокот на килограми се доволен мотив да се направи тест на интолеранција на храна.

Всушност, кај синдромот на интолеранција на храна во организмот се произведуваат одредени анти-тела (различни од оние кои се присутни при алергиите) против внесените протеини од некоја храна. Тие анти-ген - анти-тело комплекси циркулираат во организмот предизвикувајќи низа на реакции меѓу кои и задршка на вода во телото со последователна зголемена телесна тежина.

Со тестот на интолеранција се дефинира виновникот (протеинот) кој покажува висок степен на телесна неподносливост. Со елиминацијата од исхраната следуваат неверојатни резултати, намалување на телесната тежина и телесните непријатности.

Интолеранцијата е сериозен проблем на кој треба да се помисли секогаш кога имаме неуспешни обиди за воспоставување на оптимален животен баланс.

30 Декември 2012

За авторот

Најнови членови

На Facebook