Господинот Туна во зелен кревет

Свежа зелена салата полна со Омега-3, а со малку заситени масти…

 
  • 1 марула
  • 1 конзерва туна во вода
  • 1 краставица
  • 1 варено јајце
  • 1 лимон
  • бибер
  • 1 лажичка extra virgin маслиново масло
  • мешани семки
  • 5 маслинки
 

Подготовка

1. Искинете ја марулата со раце на големи парчиња, исечете ја краставицата на големи парчиња, додадете сок од лимон, свежо мелен бибер, маслиново масло, мешани семки и измешајте.

2. Земете ја туната и истурете ја врз миксот од зелена салата, испрскајте малку со сок од лимон и одозгора ставете го јајцето.

3. Декорирајте со маслинки и ако сакате додадете неколку резанки црвен кромид.

 

 

 

Автор

Ilze Timi

Скопје

Македонија