Мала финта за стрвните грицкачи

Дали ви е позната оваа ситуација? Седнувате да гледате филм, пред вас се наоѓа чинија грицки. 3-4 сцена од филмот, вашите прсти се обложени со масло и сол, а вие си ги оближувате усните. Она што започна како занимација за со филмот, заврши изедено во еден здив.

Без разлика дали причината е тоа што не ви останале грицки за до крајот на филмот или сепак имате грижа на совест за огромната количина на калории која ја консумирате една мала финта ќе ви помогне да се справите со неконтолираното грицкање.

Употребете ја недоминантната рака. Толку е едноставно. Истата ситуација од погоре, но со употреба на недоминантната рака ќе резултира со 30% помалку изедена храна отколку со доминантната.

Кај луѓето самоконтролата е малку тешко да се воспостави и сами да си кажете кога ви е доволно, особено е потешко ако веќе вниманието ви е насочено кон друго, во случајов екранот. Но со замена на доминантната рака всушност ќе се спротиставите на природно стекнатиот автоматизам на носење на храна кон устата.

Нешто како автоматизмот со цигарите. Можеби ако почнете да ја држите цигарата во недоминантната рака, ќе добиете некој позитивен резултат. Кој знае…