Наслов

Дневни потреби за железо

Според Националниот Институт за Здравје во САД ова се дневните препорачани вредности за железо, во зависност од полот и возрасната група.

Железото е микроелемент, но есенцијално е за создавање на црвени крвни зрнца (еритоцити) чија улога е да го пренесат кислородот до сите клетки, понатаму железото има улога во правилно развивање и функција на нервниот систем кај плодот, регулирање на телесната температура, правилна функција на мускулниот систем.

Недостатокот на железо се манифестира во облик на анемија (намален број на еритроцити), заболување пропратено со симптоми како вртоглавица, тахикардија, замор, кршливост на нокти и коса, намалување на концентрацијата, пад на имуниот систем.

Покрај суплементација, која се препорачува кај групите со најголеми потреби, дневниот внес може да се задоволи и преку правилна и балансирана исхрана. Нешто повеќе за нутритивните извори на железо на овој линк.

 

13 Септември 2013

За авторот