Диета и снуз

Без грижа на совест ако сте залепени за топлата постела. Според ова истражување, неколку додатни часови во кревет може да доведат до губење на некој килограм.

Според една мала студија, дополнителни неколку часа сон, наместо оние 5-6 часа кои стануваат секојдневие за денешната возрасна популација, позитивно делуваат врз губењето на масно ткиво.

Имено студијата вклучува 2 групи, со ист план на исхрана, но првата група имала 8,5 часа одвоени за спиење, а втората 5,5 часа. Нивоата на грелин, хормон кој го стимулира апетитот биле повисоки кај втората група. Испитаниците овие часови морале да ги поминат во кревет, но не било задолжително спиење, сепак и одморањето делувало.

Испитаниците од двете групи во рок од две недели изгубиле околу 3 килограми, но кај првата група тие 3 килограми што отишле надвор од телото биле масно ткиво, наспроти оние кои спиеле помалку, па изгубиле и мускулна маса.

Заклучок: Повеќе спиење само по себе не доведува до губење на килограми, но ако на диетата наменета за да можете да го закопчате новогодишниот фустан, додадете некој плус час спиење, може да се ослободите од некој слој масно ткиво.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија