Наслов

Диета 001

Диета со која, доколку се применува точно, може да се намалат меѓу 9 и 13 килограми.

ПОЈАДОК (ЗА СЕКОЈ ДЕН): Овошје во пар (2 јаболки, 2 круши, 2 портокали) или грст ситно овошје.

Прв ден
РУЧЕК: Варено или печено месо во количество еднакво на две хотелски шницли (максимум), со салата во неограничена количина.
ВЕЧЕРА: Исто како ручекот, но во преполовена количина.

Втор ден
РУЧЕК: Грав, грашок, ориз, леќа со зачин и салата во неограничени количини.
ВЕЧЕРА: Исто како ручекот, но во преполовена количина.

Трет ден
РУЧЕК: Варени тестенини со зачин или со сос од домати.
ВЕЧЕРА: Исто како ручекот, но во преполовена количина.

Четврти ден
ОВОШЕН ДЕН.

Петти ден
РУЧЕК: Риба (туна, ослич, пастрмка, панга, скуша – печена или варена) со салата.
ВЕЧЕРА: Бадеми, ореви, лешници, фстаци – околу 15 грама, не повеќе.

Шести ден
РУЧЕК: Варено или печено месо во количество еднакво на две хотелски шницли (максимум), со салата во неограничена количина.
ВЕЧЕРА: Исто како ручекот, но во преполовена количина.

Седми ден
РУЧЕК: Грав, грашок, ориз, леќа со зачин и салата во неограничени количини. Може и овесни снегулки со јогурт масленост 1-1,5%.
ВЕЧЕРА: Бадеми, ореви, лешници, фстаци – околу 15 грама, не повеќе.

НАПОМЕНА!
Ручекот треба да биде помеѓу 13.00 и 15.00 часот.
Вечерата најдоцна до 20 часот.
Во текот на денот се пијат најмалку 2,5 литри течности.

Се препорачува кафето да се замени со чај од магдонос или со зелен чај.

8 ден - Јајца колку што сакаш (не повеќе од три жолчки)
9 ден - Овошје (само банани не)
10 ден - Месо, салата
11 ден - Зеленчук (освен компир)
12 ден - Млечен ден (освен слатко млеко)
13 ден - Тесто
14 ден - Може сè

По завршување на 14 дена, диетата се повторува од почеток!

Секоја втора недела седмиот ден се заменува со воден ден. Не се препорачува голем физички напор во првите две недели.

Не се дозволени: алкохол, шеќер и млеко!

Поздрав, Влатче

10 Јануари 2013

За авторот