Детоксификација за здравје и енергија

Секојдневното изложување на токсини како загадениот воздух, хемиските препарати, прекумерната конзумација на лекарства и преработена храна неизбежно доведуваат и до прекумерно загадување на организмот.

Се разбира, телото има природен механизам за елимининација на токсините, но при поголемо загадување од она што може да го елиминира, потребна му е и дополнителна помош.

Како превентива, можете да ги намалите загадувачите кои се во ваша моќ, но и да го забрзате чистењето на токсините кои веќе се наоѓаат во вашето тело.

Со детокс диета или со целосно чистење на телото ќе се почувствувате почисти, полесни и секако поздрави. Оваа диета може да биде почеток од програма за губење на тежината, да ја олесни транзицијата низ годишните времиња, да ја регулира дигестијата како и да помогне при идентификација на храна која предизвикува алергии.

Детоксификацијата е процес кој им помага на луѓето да се опорават. Затоа ви презентираме 5 детокс диети кои можете да ги пробате за повторно да си ја вратите енергијата и здравјето. Сепак, треба да знаете дека овие диети не се за долгорочна употреба, туку се прават сезонски во краток временски период. Исто така, секогаш треба прво да се консултирате со вашиот доктор, особено ако имате некои посериозни здравствени проблеми.

 

Детокс диета бр. 1: Едноставно чистење со овошје и зеленчук (2-3 дена)
Најдобра е за брзо чистење на вашиот организам и погодна е за почетници бидејќи не е премногу ригорозна.

Идејата на оваа детокс диета е да се исчистите од преработената храна, млечни и месни продукти. Преработената храна најчесто е полна со токсини и хемикалии, па затоа ова е добар експеримент за да видите како ќе се чувствувате по неколку денови.

Животинските продукти содржат протеини и масти. Иако и двете се есенцијални нутрициенси, тие создраваат повеќе работа за вашиот дигестивен тракт и затоа треба да се одбегнуваат при чистењето. Можете да јадете овошје и зеленчук, колку што сакате, но избегнувајте ги адитивите како сол и шеќер.

 

Детокс диета бр. 2: Чистење со смути – Smoothie (1 недела)
Смутито ви обезбедува квалитетна исхрана при чистењето, хранејќи ги клетките и ткивата, додека телото одмара од дигестивниот процес.

Диетата се состои од свежо направено смути во блендер, од овошје и/или зеленчук. Оваа диета има многу комбинаторики, па можете дури да додадете и протеински прашок, кој е особено важен за луѓето со поголеми калориски потреби (спортистите на пример).

Основната формула за смути се состои од 1 шолја цеден сок од овошје или млеко (од неживотинско потекло) и 1 шолја овошје/зеленчук (свежо или замрзнато). Покрај протеинскиот прашок можете да додадете и мелено ленено семе, пченични трици, витамин Ц и други здрави суплементи.

Детокс диета бр. 3: Чистење со природни сокови (3-5 дена)
Длабинско чистење кое го забрзува процесот на детоксификација.

Длабинското чистење со свежи сокови е идеално за луѓе кои сакаат да започнат со програма за губење на тежината. Пиењето само сокови од овошје и зелечук, богати со витамини и минерали, прилично ќе ве енергизира. Ќе ви дојде и како бонус ако сте настинати, бидејќи со побрзата апсорпција на хранливи материи ќе ви се забрза и оздравувањето.

Доколку се почувствувате многу гладни, можете да додадете супа од зеленчук или пак да изедете некое цело овошје и зеленчук. Оваа диета не е погодна за активни луѓе и се препорачува да ја чувате енергијата ако сте се одлучиле за овој вид на чистење.

Детокс диета бр. 4: Шеќерно чистење (времетраењето варира)
Со елиминација на шеќерот ќе можете да ја победите оваа завист. По завршувањето на диетата ќе конзумирате помалку слатки работи, а ќе имате многу повеќе енергија во текот на денот. Воедно ќе изгубите и на килажа.

Апстиненцијата од шеќерот, особено ако ви бил застапен во голем процент од исхраната, може навистина тешко да ви падне. Но ова ќе ви биде одлична прилика да го елиминирате, знаејќи дека тој ја намалува отпорноста на вашиот организам, ве полни со празни калории и ве прави млитави.

Добро е да си зададете одредено време за елиминација на шеќерот (бел шеќер, бомбони, колачи и слично). Пазете на скриените шеќери во продуктите како кечап, сосови, или супи. Преминете на овошје (свежо, замрзнато и сушено, но незасладено), конзумирајте јатки, мешунки, цели зрна, зеленчуци и чисти протеини.

Прво пробајте неколку дена, а потоа зголемете го периодот до неколку месеци кога сигурно ќе ги забележите промените на подобро.

Детокс диета бр. 5: Хипоалергенско чистење (за почеток 1 недела)
Добра е за да се откријат алергии на храна како и интолеранција на одредени продукти.

Повеќето луѓе не се свесни дека некои физички симптоми кои ги чувствуваат како гастроинтестиналните проблеми, осип, подуеност, чешање и габичните инфекции може да се поврзани со храната која ја конзумираат.

Идејата позади оваа диета е да исклучите одредени продукти од исхраната, а потоа да ги следите реакциите. Продуктите кои се сметаат за сензитивни и потенцијални алергени се пченица, млечни продукти, соја, шеќер, кикирики, пченка и јајца. Пробајте да ги изолирате барем една недела, а потоа постепено воведувајте продукт по продукт за да ја забележите разликата.

Уште неколку добродојдени совети на оваа тема…
+ Чистете се во пролет, лето и есен кога има најмногу свежи продукти.
+ За време на чистењето, издвојте си време за активности како што се чистење на вашите лични работи низ домот и слично.
+ Одмарајте повеќе додека го чистите организмот, активностите нека ви бидат сведени на минимум како на пример само практикување на јога.
+ Хидрирајте се добро додека се чистите, бидејќи водата природно ги чисти токсините.
+ Чистењето е природна функција на телото, не бара многу скапи суплементи за да функционира.
+ Откако ќе завршите со детоксификација на организмот, полека вратете се во нормала (поздрава нормала од предходно).
+ Никогаш не превземајте драстични чекори без да се консултирате со вашиот доктор.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија