Измерете си БМИ

Баластот, односно одвишокот на масното ткиво не е само пречка, туку и закана, особено ако не сте активни и не одржувате баланс.

Наједноставниот начин да дознаете дали сте со одвишни килограми или сте под нормалата и во која категорија припаѓате, е да го измерите својот БМИ (Боди мас индекс).

Овој индекс иако има мани, широко е распоространет бидејќи е едноставен и брз за употреба. Се базира врз формулата на белгискиот математичар Адолф Кјуетелет која гласи (телесната маса поделена со квадратот од телената висина). БМИ не ги зема во предвид возрасните групи, расите и многу други фактори кој влијаат на крајниот резултат. Особено за атлетската полулација кој има на пример повеќе чиста мускулна маса и затоа резултатите не се секогаш прецизни.

И покрај недостатоците, со овој индекс тестирана е значителна популација во светски рамки. Едно обемно истражување спроведено од страна на Лондонското школо за хигиена и тропска медицина  каде се земени податоци од 177 земји, односно нивниот просекот на БМИ нè става нас како држава некаде во златната средина, со просек на БМИ од 23.77 додека на едниот крај на табелата се наоѓа Еритреја со скромните 19.85 на листата на нај баластни нации се наоѓаат САД, Кувајт, Кралството Тонга со БМИ од 27 до 32.

 Затоа ако ви се удира еден есап за вашиот БМИ, повелете направете си калкулација на програмчево

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија