Бета каротен, неопходна состојка за општо здравје

Бета каротенот спаѓа меѓу најздравите органски состојки и е од суштинско значење за одржување на здравиот вид, сјајна кожа и силен имунитет.

 

Тој е од клучно значење за растот на коските, како и за обновување на ткивото и кожата.

Бета каротенот се карактеризира како витален антиоксидант за правилно функционирање на имунолошкиот систем.

Редовното внесување на оваа состојка помага да се заштитаат клетките од оштетување.

Во суштина, бета каротенот е каротеноид – пигмент кој се наоѓа во растителните извори со портокалова боја како морковот, тиквата, портокалот и слично.

Бета каротенот не е хранлива вредност, туку состојка која ја користи нашето тело за да создаде витамин А. Бидејќи бета каротенот е познат како антиоксиданс и има регенеративна способност, редовната консумација на оваа компонента често е поврзана и со превенција на ракот.