Антиканцероген пар – куркума и зеолит

И двете суперхрани покажуваат антиканцерогени карактеристики, а во комбинација се моќно антиоксидансно комбо кое ги решава слободните радикали во телото, тешките метали и другите наталожени токсини. Еве зошто овој пар да биде дел од вашето утринско смути…

Во секојдневниот модерен начин на живот доаѓаме во контакт и ненамерно ингестираме или вдишуваме премногу хемикалии кои за жал е невозможно да се избегнат. Некои од нив можеби не се штетни, некои помалку, но некои од нив може да бидат вистинска закана за здравјето. За среќа природата го создала црниот дроб како моќен детоксикатор кој му помага на телото да се ослободи од сите штетни супстанци. Но иако моќен, сепак хепарот не е семоќен орган.

Бидејќи живееме во загадена околина каде компензаторните механизми на црниот дроб е лесно да се надминат, често доаѓа до појава на зголемен оксидативен стрес во организмот. Како последица на тој стрес може да се јават бројни заболувања, меѓу кои и такви со малиген карактер.


 МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ПОДОБРЕТЕ ГО ИМУНИТЕТОТ НА ПРИРОДЕН НАЧИН


Токму заради тоа се препорачува зеолитот. Природните зеолити се вулкански формирани минерали базирани на алуминиумови и силициумови оксиди. Веќе одамна се користат во медицината при дијареа, габични заболувања и како антибактериски агенси, а од неодамна голем интерес привлече нивната антиоксидациска способност. Имено, нанозеолитот консумиран секјдневно ги намалува штетните ефекти од пушењето како што покажува оваа студија. Дополнително го ослободува организмот и од тешките метали благодарение на неговата способност за лекување.

Куркумата пак, или т.н. златниот зачин, во повеќе наврати покажала дека поседува антиканцерогено својство и селективно ги уништува туморските клетки. Станува збор за растение со ризоми, многу слично на ѓумбирот, со интензивно жолта боја и познато во традиционалната кинеска медицина уште пред многу векови. Составен дел е на карито, па можете да го користите во најразлични рецепти.

Комбинацијата од двете суперхрани, куркума и зеолит, претставува одлична основа за намалување на штетните ефекти на оксидативниот стрес, но исто така и превентивна алатка за сите оние заболувања кои настануваат како негова последица.

Автор

BIOkult

Скопје

Македонија