Наслов

Анатомија на мускатното оревче

Отворете ги вратите за празнична арома и еден куп пријатни спомени, кои ќе ви ги донесе еден пар од минијатурно ренде и едно ароматично оревче.

Некогаш низ историјата трговците ја губеле главата заради овој драгоцен зачин, а биле менувани и цели територии за парче земја која произведува мускатно оревче. Освен тоа, одамна биле препознаени и ценети ефектите кои овој зачин му ги дава на телото, па оправдано долго време се сметал за медициска билка.

ТОНИК ЗА МОЗОКОТ

Мускатното оревче делува стимулирачки врз мозокот и може да помогне во елиминацијата на стресот и малаксаноста. Полезно е и за концентрацијата, па може да ви се најде пред училиште или работа.

ОСЛОБОДУВА ОД БОЛКА

Токму заради овој ефект зазема централно месо во Кинеската медицина. Ова најефикасно се постигнува со масло од мускатно оревче, кое е ефективен седатив. Помага кај болки во зглобовите, мускулите, воспаление на зглобовите.

ПРОТИВ МРЗЛИВИТЕ ЦРЕВА

Било каков проблем во дигестивниот систем како подуеност, гасови, дијареа, може да се реши со овој зачин. Мускатното оревче помага за подобро варење, ослободување од гасови, а може да ви помогне и со апетитот, ако го немате.

ЗА МУСКАТНИ БАКНЕЖИ

Најчесто лошиот здив настанува како последица на прекумерено размножување на бактерии и остатоци од храна во усната празнина. Колку и да обратите внимание на чистата облека, средените нокти, убавата фризура, сепак на крај лошиот здив може да ја уништи целата слика. Морското оревче делува успешно против бактериите и помага да се справите со халитозата - непријатната миризба во устата. 

КОЖА ЗА ПОД МИКРОСКОП

Во овој сектор мускатното оревче добива најмногу признанија. Особено ефективно против комедоните и лузните, може да ви помогне да добиете блескава кожа преку една едноставна домашна маска за лице. Една лажица мед измешајте со изрендано мускатно и оревче оставете на чиста кожа да отстои околу 15 минути. Лузните ќе бидат помалку видливи, а комедоните ќе исчезнат.

ЗА ИНСОМНИЈАЦИТЕ

Овој зачин може да ви помогне да заспиете како бебиња. Само направете комбинација со млако млеко и малку мускатно оревче и сонот набрзо ќе ве собори во кревет.

ВНИМАНИЕ  ВНИМАНИЕ  ВНИМАНИЕ  ВНИМАНИЕ  ВНИМАНИЕ  ВНИМАНИЕ  ВНИМАНИЕ

Големи дози од мускатното оревче може да ви направат халуцинации, заради една составна компонента  - миристицин, која може да го алтерира мисловниот процес и да делува слично како ЛСД. Затоа не сакате да претерате кога станува збор за овој потентен зачин, туку користете го умерено. Дозите кои се употребуваат во кујната се безопасни.

21 Ноември 2013

За авторот