Наслов

Американскиот прикриен обем

Џабе мапи, статистики и бројки кога најдобро човек разбира преку гледање. Бидејќи кризата со прекумерната тежина во Америка излегува од контрола, а останува прикириена под маичките и кошулчињата, еден уметник, а воедно и истражувач дебелината ја направи лесна за визуелизација, преку пиксели.

Николај Лам е човекот кој стои позади едноставниот, но сепак ефективен начин да се илустрира разликата во дебелината на просечните луѓе од четири земји Франција, Холандија, Јапонија и САД.

Податоците базирани на информации од официјалните владини тела на државите одговорни за овие мерења прават компарација помеѓу BMI (body mass index), висината и тежината луѓето од овие држави.

И, навистина, како да нема голема разлика во просечните вредности и бројки, најверојатно затоа што можеби е лесно да се поправи на подобро, иако во моментот за САД константно се влошува.

ПРОСЕЧЕН АМЕРИКАНЕЦ (ЛЕВО) И ПРОСЕЧЕН ХОЛАНЃАНЕЦ (ДЕСНО)

Холандија се смета за држава која има најдобри здравствени услуги во светот односно има рецепт (кој што тимот на К4Т го долови на лице место), поготово во делот кога на децата и младите навистина им треба правилно насочување за здравиот начин на живот.

04 Октомври 2013

За авторот