Таанот е далеку повеќе од алва

7 причини и неколку начини за повеќе таан…

Таанот е паста добиена со мелење на сусамовото семе. На пазарот можете да најдете таан од цело семе (интегрален таан) и таан добиен од излупено сусамово семе. Иако вториот тип се смета за нутритвно посиромашен, сепак и обата типа на таан изобилуваат со многу полезни состојки, па изборот го оставаме на вашето сетило за вкус.

1Таанот изобилува со минерали како калиум, магнезиум и фосфор.

2Главно се состои од масти, но од незаситен тип, кои се сметаат за полезни. Во една лажичка таан има околу 90 калории.

3Особено богат е со железо, па се препорачува кај лица со феродефициентна анемија, каде недостига соодветна количина на железо во црвените крвни зрнца.

4Таанот содржи големи количини на аминокиселината метионин, која спаѓа во групата на есенцијални аминокиселини.

5Од витамините содржи големи количини на витаминот Е, а исто така и дел од групата на Б витамините (Б1, Б2, Б3, Б5, Б15).

6Заради добриот витамински и минерален профил ја подобрува мускулната функција и делува позитивно врз здравјето на кожата.

7Содржи повеќе протеини отколку повеќето јатки и легуминози.

Главна состојка е на превкусната таан алва, но неговата употреба не е ограничена на овој рецепт. Таанот одлично се вклопува во многу јадења, како солени, така и благи. Нашето мацкало со грашок, вкусниот хумус, croque monsieur сендвичите се само дел од рецептите за кои ви е потребен таан. 

Освен тоа може да се користи и како традиционален лек за болно грло измешан со еднаква количина на мед. Направете поголема количина од половина тегла таан и половина тегла мед и консумирајте на гладно наутро по една супена лажица, а за најмалите по една кафена лажичка доколку имате проблеми со респираторниот тракт. Овој микс исто така ќе ви помогне во подобрување на крвната слика, ќе ја отстрани малаксаноста и ќе ви даде енергија за претстојниот ден.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија