Наслов

Збор два за тајмингот на вашите оброци

Ако сте од оние кои си каснуваат кога ќе им текне...

Во книгата Racing Weight Cookbook: Lean, Light Recipes for Athletes, авторот Мет Фицџералд кој работи како тренер по трчање заедно со Џорџи Фир ги поедноставуваат советите за тајмингот, но и за состојките кои треба да бидат застапени во вашите оброци. Еве што велат тие:

Јадете јагленохидрати порано, а протеини покасно во денот. Наутро вашите гликогенски нивоа се истрошени, а доза на јагленохидрати ќе ви помогнат да го стартувате денот. Навечер пак, телото се става во опција за „градење“ и „поправање“ така што протеинот е важен за опоравокот на мускулите и ткивата. 

Распоредот на оброците нека биде константен. Студиите покажуваат дека луѓето кои јадат „кога им текне“ односно без некој одреден шаблон дури и ако консумираат ист број на калории, акумулираат повеќе масно ткиво. 

Јадете најмалку два часа пред вежбање. Ова ќе дозволи вашето тело да ја дигестира храната и да биде спремно. 

Јадете веднаш после вежбање. Јагленохидратите го надополнуваат гликогенот, а чистиот протеин ги гради мускулите. Идеално би било кога би седнале да јадете 30 минути после вежбањето. 

23 Јануари 2014

За авторот