Наслов

Зошто сардината е еден од најдобрите извори на протеин

Иако рибата генерално важи за здрав избор на храна и извор на протеини и масти, сепак, честопати туната и лососот доминираат во однос на другите типови на риба кои можеби имаат и подобри карактеристики и вредности за вашето здравје. 

Без разлика кој е вашиот избор на риба на дневното мени, редовното и умерено консумирање со себе носи низа на здрави хранителни елементи. Доколку го гледаме протеинскиот состав, тогаш туната со нејзините 30 грами протеин на порција од 100 грами риба можеби минимално предничи во однос на 25-те % протеин од сардината (25 грами на 100 грама риба), но сепак, бидејќи како животинско суштество таа се наоѓа во „долниот” дел од ланецот на исхрана сардината содржи значително помалку нивоа на отровна жива која редовно се наоѓа во големите риби предатори - туна, ајкула, кралска скуша. 

Покрај ова, сардините се еден од најдобрите извори на калциум и витамин Д, есенцијални за здравјето на коските и мускулната регенерација после тренинзите, а високите концентрации на омега-3 масни киселини само ја зајакнуваат битката со воспалителните реакции во организмот. Токму на оваа тема, некои истражувања имаат покажано дека билдерите кои консумирале омега-3 масни киселини пред одредени сесии на тренинг, субјективно чуствувале значително помалку болка во мускулите по тренингот (мускулно воспаление) од оние кои земале плацебо суплементи. 

Во однос на количеството на омега-3 масни киселини, сардината нуди поголемо количество - околу 2,4 грама на порција од 17 грами риба, за разлика од туната која нуди 1,6 грами за истата порција. Сето ова за поевтина пазарна цена на чинење.

Кога сте веќе кај изборот за свежо и конзервирано, прочитајте нешто повеќе на следниот линк

12 Март 2018

За авторот