Наслов

Зошто јадењето мрсно не те прави мрсен

На темава имаме пишувано повеќепати и мастите дефинитивно ги сметаме за цело здрав избор во исхрана на човекот, но ни се допадна и ова тема од Марк Химан, директорот на центарот за Функционална Медицина околу размислувањата за што точно тој смета за здрава исхрана и зошто јадењето масти, реално не те прави масен.

Од разноразни причини, најмногу преку влијанието на медиумите и лошо разбраните и пренесени муабети голем дел од популацијата на планетава беше погрешно наведувана да верува дека мастите како еден од главните макроелементи во исхраната на човекот се генерално штетни за здравјето. Во исто време, оние баби и дедовци на село кои се далеку од контактот со светот и кои си го задржаа традиционалниот начин на исхрана со чварки, сирење и млеко меѓу остатокот од доминантно растителната исхрана, во мнозинство успеаја да дотераат и до 100ка. 

Нејсе, да не навлегуваме во подробностите на долговечноста (бидејќи за истата се важни повеќе разни фактори), туку да видиме дел од размислувањата на Марк Химан - авторот на готвачот "Јади мрсно, стани послаб" каде тој наведува повеќе интересни факти во корист на мастите како еден од главните хранителни елементи.

Според него, една од главните причини за лошото класифицирање на мастите и општата забуна во исхраната е генерализирањето на ефектот на калориите добиени од различни продукти т.е. ставањето на калориите од различните извори во ист кош. Практично со ова, народот се наведува дека единствено за коешто тој треба да се грижи е бројката на калории, а не и на изворот од каде истите доаѓаат. Едноставното прашање е - "Дали 700 калории добиени од брокула се исти како и 700 калории на газиран сок?" 

Наместо тоа, Марк наведува дека многу поважно од бројката на калории која ја примаме е точно изворот од каде истите доаѓаат. Мастите се одличен и стабилен извор на калории кои имаат можност да не направат сити подолго време, но и да ни ја забрзаат работата на метаболизмот. Наспроти ова, калориите од јаглехидратите и глупите шеќери знаат да прават "шпицови" во нивоата на инсулин и гликоза во крвта се докажано полош избор. 

Како една од главните работи за здрава исхрана тој наведува дека е многу поважно да се внимава на квалитетот и композицијата на оброците кои се внесуваат во текот на денот отколку на броењето на калории. Тој вели дека во текот на денот најмногу се потпира на здравите масти во неговата исхрана, внесувајќи јатки, семки, риба, чисто месо, јајца, маслинки, маслиново масло, путер, авокадо итн. 

Сепак, најголемиот дел од неговата диета се сведува на зеленчук: брокула, грав, печурки, домати кои прават најголем дел, околу 75% од чинијата, а мастите и протеините го дополнуваат остатокот и практично од нив доаѓаат потребните калории за целиот ден. 

17 Ноември 2016

За авторот