Наслов

Зеленчук и овошје наместо капсули и таблети

Витамини и минерали кои лесно ќе ги надокнадите од храна наместо од суплементи...

ВИТАМИН А главен кога станува збор за острината на видот, но исто така има улога и во подобрување на имунитетот, а делува и како антиоксиданс.

Најлесно ќе го консумирате ако во секојденвната исхрана вклучите портокалово жолти намирници. На пример тиквата заслужува централно место на есенската трпеза, но исто така и морковот, слаткиот компир, мангото. Сите овие свежи намирници освен со витамин А ќе ве наполнат и со други витамини и минерали, но и диетални влакна.

ВИТАМИН Б12 станува збор за витамин неопходен за беспрекорна функција на нервните клетки и целиот нервен систем, но и за формирање на црвените крвни зрнца еритроцитите и ДНК.

Најлесно се консумира од храна со животинско потекло и тоа месо, јајца, млеко и риба. За останатите, кои не ги преферираат овие намирници, туршијата, киселата зелка, корнишоните и другите ферментирани производи се одличен извор и избор за надокнадување на Б 12.

ВИТАМИН Ц иако најчесто му се доделува антиокидациска улога, овој витамин има големо влијание врз создавање и одржување на колагенот во кожата, но и метаболизамот на протеините.

Апсолутни победници во содржина на витаминот Ц се цитрусните овошја како лимонот, цитроните, портокалите, но освен нив, за пофалба е и количината на Ц витамин во спанаќот, зелената пиперка, зелката и брокулите. Важно е да знаете дека овој витамин е многу чувствителен на температура, па најдобро е за консумирате свежи производи.

 

КАЛЦИУМ важен за здрави коски, но и неговата улога во мускулната функција и трансмисијата на нервни импулси е од големо значење.

Прво на што помислуваме како извор на калциум се млекото и млечните производи, кои секако дека содржат одлични количини, но спанаќот, ќељот, темно листестите зеленчуци освен со огромна количина на калциум ќе Ве снабдат и со витамин К.

ЦИНК примарно важен за имунитетот и отпорноста на бактериски и вирусни инфекции, а од друга страна и важен за побрзо зацелување на рани.

Најдобар извор на цинк претставуваат остригите и содржат повеќе цинк од било која друга храна. Освен остриги, интегрални житарки и јатки исто имаат задоволителна количина на овој минерал.

16 Октомври 2014

За авторот