Наслов

Веганите и вегетаријанците полесно слабеат

Скорешна студија покажа дека во споредба со неколку други типови на исхрана, веганството и вегетаријанството се супериорни кога во прашање е слабеењето и покрај тоа што испитаниците не беа ставени на никави рестрикции во исхраната. 

Шестмесечна студија направена на група испитаници покажа дека одредени типови на исхрана кои исклучуваат дел или целосно избегнуваат животински продукти имаат поголеми шанси да доведат до слабеење кај оние кои ги практикуваат.

Испитаниците беа категоризирани во пет типа на исхрана: веганска (без никакви животински производи), вегетаријанска (вклучени само млечни), пескетаријанство (плус млечни производи и риба), полу-вегетаријанци (вклучени црвено месо до еднаш неделно и пилешко до пет пати неделно) и омнивори (без никакви рестрикции од типот на храна) и во период од шест месеци им било дозволено да се хранат во границите на нивната диета но без никакви калориски граници или рестрикции т.е. дозволено било да си јадат колку им се јаде.

Исто така дозволено било и јадење на мали количини на здрави масти (јатки, семки и авокадо) но главниот акцент било да се намали внесот на масти и непотребни јагленохидрати.

По шест месеци веганската група во просек имала изгубено 3,5 кг. а и вегетаријанската била тука некаде со 2,7 килограми. Останатите групи пак, изгубиле дупло помалку, околу 1,3 килограми. Студијата нема забележано големи разлики во активноста на членовите на сите групи. 

Интересното е тоа што губењето на тежина кај овие групи се има случено сосема природно и спонтано, без никакво мониторирање и следење на калорискиот внес.

21 Ноември 2014

За авторот