Праски, задолжително!

За никогаш повеќе да не се двоумите дали кесата „три за сто“ да ја вклучите на вашиот бицепс од пазар накај дома.

 

Прв најзначаен бенефит од праската се бета-каротените во нејзиниот состав. Овие пигменти во организмот се претвораат во ретинол (витамин А) и го чуваат и подобруваат видот. Во последно време се прават се повеќе испитувања кои овие пигменти ги линкуваат со заштита од штетните сончеви зраци, а се препорачуваат и како терапија кај лица сензитивни на сончеви зраци. Праските комотно може да бидат дел од вашиот хранлив заштитен фактор. 


 ИЗЕДЕТЕ ГО ВАШИОТ ЗАШТИТЕН ФАКТОР


Содржат Ц витамин. Моќен антиоксиданс и есенцијален витамин за здравјето на кожата. Овој витамин учествува во создавање на колаген. Колку повеќе Ц витамин, толку помалку брчки, а можете да примите големи количини Ц витамин од една голема праска.

Детоксификација со чај од праска се смета за еден од најефективните начини во источната култура. А и количината на диетални влакна во нејзинот состав не е за потценување. На овој начин спречува проблеми во дигестивниот систем. Калиумот кој исто така го содржи во големи количини овозможува одржување на електорлитниот баланс во телото и правилна контракција на мускулите.

Според поновите истражувања полифенолите од праската може да имаат успорувачко дејство врз клетките од ракот на дојка, а исто така и врз метастатските депозити. Иако истражувањето било спроведено врз експериментални животни, сепак докторите пресметале дека со барем 3 праски на ден може да се постигне задоволително ниво од овие полифеноли во организмот.