Моите 100% ДЕНЕС!

Наслов

“Огледалце, огледалце мое, на светов кажи ми најубав кој е?”

"Ќе вежбам за да ослабнам и помалку ќе јадам!" - e првата реченица веднаш по видното незадоволство кај секој на кој нема да му се допаде сопствениот одраз во огледалото.

Такви сме си ние луѓето... разликуваме болен-здрав и дебел-слаб! Сите сиви тонови помеѓу, никогаш не ги ни забележуваме (главоболки, опстипација, недостаток на енергија, слаб имунитет, киселини во стомакот, алергии, премногу јадење благо).

И така, се додека еден ден не се разбудиш со килограми кои висат по твоето тело, румени слатки образи, спасувачки гуми и спојлери, подбрадок кој пее "додирни ми колена", стомак кој е секогаш 5 минути пред тебе на секој состанок, низа фрустрации кога ке видиш ултра згодна девојка која поминува покрај тебе на улица, па се караш до смрт со љубениот/љубената кога ќе удри фокус на нечии вретеновидни нозе кои завршуваат со убава цврста задница, ноќна мора ти е рамен стомак со six box и си викаш: 
"Од утре сум на диета!"
”Се правам како што треба, само треба уште душа да испуштам од вежбање!"
”Првите пости, ги терам сите 40 дена!”
”Почнувам од понеделник!”
”Не јадам благо, леб, млечни производи, месо-само вода и салати!”
Или има уште една варијанта на линија на помал отпор – ”Кој ме сака ќе ме сака и ваков каков што сум!”, а јадеш чоколади да си го убиеш стравот, да не те сменат за друг!!!

Стоп, Стоп, Стоп, Стоп и СТОП на ова лудило! Ајде ако не сме професионалци барем да бидеме логичари!!!

Што ние правиме во најголем дел од денот, секој ден?
Вежбаме? Не! Имаме време за тоа? Ретко, повеќе никогаш! Одиме на масажа редовно? Не! Сауна? Не, никако! Јадеме? ДА! ДА, сите што ги познавате јадат во најголем дел од денот, секој ден! Знаеме што јадеме? НЕ! По кој критериум ја бираме храната? Калории, масти, транс-масти, натриум, количина на витамини и минерали, растителни влакна? Или, дали воопшто знаеме од кој нутриент колку треба да има во одреден продукт, колку нам ни е потребно на дневно ниво? Или ако одлучиме да вежбаме, како ли пак сега треба да се храниме? Протеини ДА или НЕ ,за кого и кога? А, може ли некој да ми го гарантира квалитетот на храната што ја купувам во маркет? Ми штети или ме храни???

Ах, драги мои јас би се откажала под сите овие околности - премногу енергија ми одзема сето ова! Но, ако размислам уште еднаш она што со сигурност сите го знаеме е дека ние мораме секој ден да јадеме, значи тоа е 75% од нашиот организам и се што му се случува на дневно ниво! Па ако го помножам со годините што поминале! Или допрва треба да дојдат!

Тогаш сфаќам дека она за кое давам секој ден пари да ме храни или ќе ме храни или ќе биде причинител на моите невољи!!!! Страшно!!!

Но, сепак дајте да погледнеме на посветлата страна. Ако најголем дел од општото добро на моето тело и здравје зависи од мојот личен избор што ќе јадам - убавината е во тоа што ЈАС ЛИЧНО МОЖАМ ТОА ДА ГО КОНТРОЛИРАМ!

Нормално, доколку ми е важно добро да се чувствувам! И ако доволно долго го практикувам - ЗАСЕКОГАШ!!!

Запомнете! Можеби не знаеме што јадеме секој ден. Но, нашето тело е совршена машина, изградена од совршени механизми и клетки кои секој ден си ја "бркаат својата" работа без оглед дали ние размислуваме за тоа или не, имаме време за тоа или не! Вашата совршена машина, ви ги покажува знаците! Следете ги со отворено срце и ум! Тоа ни единствено живеалиште додека сме тука на земјата!

А, на крајот на краиштата зошто БАШ СЕГА, да не бидам во својата најдобра форма??? Зошто да не?

Останатите 25% свечено и ги оставам на физичката активност која што секој од нас би требало да ја има, доколку имам материјал во моето тело кое се обликува под околноста наречена физичка активност! Нејзиното величество ЗДРАВА МУСКУЛНА МАСА!
75% + 25% = 100%!!

Она што го посакувам за себе и за секој од Вас!

А, сега: "Огледалце, огледалце мое, на светов кажи ми најубав кој e?"

СИТЕ НИЕ КОИ ЌЕ ОДЛУЧИМЕ!

05 Февруари 2014

За авторот