Наслов

Следна во овошната салата - смоква

Едно од најстарите овошја на светот е смоквата. Волчицата на Ромул и Рем се одморала под смоквино дрво, првата „облека" на Адам и Ева биле листови од смоква, а плодовите ѝ биле омилени на египетската убавица Клеопатра. Освен долга историја смоквата има и долга листа на здравствени бенефити...

И не за џабе смоквата се провлекувала низ историјата, веднаш после јаболката. Нејзиниот неповторлив, сладок вкус и деликатна арома се вредни за споменување. Мајсторите во кујна ја комбинираат и во солено и во благо, како сушена или свежа и секогаш дава одличен ефект.

Смоквата е одличен извор на калиум, минерал важен за контрола на крвниот притисок и делува спротивно од готварската сол, а е еден од најдобрите овошни извори на калциум, па претставува промотор на коскеното здравје. Освен тоа содржи и голема количина на Б витамини.

Ова овошје е сладок начин да ја одржувате телесната тежина. Потребата за шеќерче ќе ви биде задоволена со неколку смокви, но бидејќи има многу калории ова е едно од оние овошја со кое не сакате да претерувате. Содржи и многу диеталн влакна кои помагаат при констипација, а освен тоа храната богата со диетални влакна ги штити дојките од појава на карцином според истражување спроведено врз група жени од скандинавските земји.

 
  • 40 суви смокви во стаклен сад се прелеваат со 1 литар маслиново и се чува на ладно и темно место 40 дена. Се зема по една смоква на ден на гладно.
 

Се смета дека сувите смокви потопени во маслиново масло се лек против хемороиди, неплодност, цревен дисбаланс, констипација, анемија и чиреви на желудник. Рецептот за овој народен лек во полето десно.

Смоквата е природен лаксатив, а воопшто не е иритабилна за дигестивниот тракт, што ја прави супериорна над повеќето други лаксативи. Исто така е и енергетски стимулант, па паметно е да не се прејадувате смокви навечер, туку резервирајте ги како стартер на денот.

Постои една странска изрека која гласи „Ако нешто е доволно добро за Клеопатра, доволно добро е и за вас". Млечниот сок од смоквата, кој ја иритира здравата кожа, успешно се користи во третман на брадавици. Традиционалниот лек гласи: 2-3 дневно намачкајте смоквино млеко на и околу брадавиците и повторувајте ја постапката се додека брадавицата не отпадне.

05 Септември 2013

За авторот