Крем јогурт: Протеинско чудо со кремаста текстура

Крем јогуртот е омилен на многумина поради неговата густа и кремаста текстура. Во процесот на производството поминува низ различни фази.

Основната разлика во производството на класичниот и крем јогуртот е тоа што млекото откако ќе се загрее, се остава да одстои во посебни садови низ кои се филтрира сурутката од јогуртот. Во процесот на одвојување на сурутка од јогуртот е отстранет и добар дел на шеќер и калории, а истотака вреди да се напомене дека е богат со протеини. Со околу 60 калории на 100 грама, крем јогуртот има два пати повеќе протеини од стандарниот јогурт.

Како да направите свој крем јогурт?

  • 1 литар свежо млеко
  • Кисело млеко
  • Една лажица кисела павлака

Идеално би било кога крем јогуртот би го направиле од домашен јогурт (кисело млеко). Процесот е многу едноставен, и ќе треба еден литар свежо млеко, кисело млеко и една лажица кисела павлака. Сварете го млекото и оладете го да биде млако. Киселото млеко и павлаката промешајте ги добро и додека ги мешате додајте го млекото. Откако сето тоа го имате добро промешано, поклопете го садот и ставете го на топло (близу до радијатор) да отстои во текот на ноќта. По шест до осум часа во садот ќе се формира желеста смеса.

Сега е време да се направи крем јогурот. Една поголема цедилка обложете ја со еден или два филтери за кафе и ставете ја во сад поголем од неа. Наполнете ја до врвот со еден литар од направеното кисело млеко. Сето тоа покријте го со проѕирна фолија и ставете го да се олади во фрижидер во текот на ноќта. По осум или 10 часа ќе забележите дека киселото млеко се исцедило и дека во цедалката ви останала густа и кремаста смеса, На дното ви останала течност која се вика сурутка. Станува збор за исклучително здрав напиток за спортисти и за оние кои сакаат силен и отпорен организам. Ова е крајниот чекор, што значи дека сте успеале да го добиете крем јогуртот(ако предолго го оставите да се цеди ќе обиете кремасто сирење, а не јогурт)

За разлика од стандардниот јогурт, крем јогуртот не се згрутчува при високи температури, па можете слободно да го додадете во топли јадења. Доколку уживате во подготвување на ваши домашни јадења ви го препорачуваме овој рецепт, но важно е да напоменеме дека при процесот на правење на домашек крем јогурт се губат некои од јогуртните култури на млечните производи кои се користат. Поради тоа, секогаш може да купите крем јогурт во најблиската продавница кој ги содржи сите благотворни јогуртни култури.

На полиците во маркетите веќе постои ваков крем јогурт- Fit кој е единствен ваков јогурт на македоснкиот пазар. Едно пакување Fit содржи 11,25 грама протеини и само 2% млечна маст. Од неодамна Fit ги претстави и новите два куса. Fit тиква и цимет и Fit мед, ореви и житарици.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија