Која боја значи подобро јајце?

За да не се думате при пазарењето на следната табла, има ли разлика во хранителните состојки на различно обоените јајца?

Одма ќе ви кажеме НЕ!

Ако зборуваме за составот на хранителните состојки без разлика на различно варосаните ѕидини, тие се исти. Јајце си е јајце и содржи околу 70 калории, 6 грама протеин (од кои 4 во белките) и добра доза на витамини од групата Б и додатни здрави состојки. 

Она што е различно е единствено бојата, едните се бели, а другите некоја нијанса на кафени чисто заради бојата на пердувите на онаа што го снесла. Белите кокошки несат бели, кафените и црвенишкави несат светло кафени јајца (ова е најчесто така, иако и тука може да има варијации). 

Дополнително што може да го збуни потрошувачот е некогаш повисоката цена на кафените јајца, но тоа е често поради големината на самото јајце. Поголемо јајце има потреба од повеќе храна за негово производство што во превод значи и поголеми трошоци односно цена на чинење.

Во однос на начинот на чување, пестициди во исхраната, антибиотици итн. оставаме место за дискусии во некои од наредните статии затоа што тие немаат импакт врз бојата на јајцето која беше главна тема за дискусија тука. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија