Наслов

Како „изгореа“ сланината и колбасите после извештајот на СЗО

Некаде на почетокот на октомври Светската Здравствена Организација ги смесите голем дел од месните продукти (особено преработеното место) во категоријата на канцерогени и веројатно канцерогени продукти. Две недели подоцна продажбата на овие продукти во Велика Британија има загуба од 3 милиони фунти.

Извештајот од СЗО, поточно од посебното тело за оваа проблематика - Агенција за испитување на рак ги смести преработените месни производи како колбасите, сланината, чајните и саламите во „група 1" канцерогени производи т.е. во највисоката категорија за предизвикување на рак. А црвеното месо, пак, го ставија во категорија „2а", која е ниво подоле и вели дека овие производи се „веројатно" канцерогени.

Додека ние (и некои наши блогери) објаснувавме во повеќе наврати како точно да се интерпретираат овие податоци, продажбата на овие продукти започна драстично да паѓа. 

Супермаркетите во Велика Британија објавија пад во продажбата на овие продукти од околу 3 милиони фунти и тоа само во првите две недели од новите препораки на СЗО. 

Поточно, вакумираните колбаси претрпеле пад од 15,7% до крајот на октомври, вакумираната сланина дури 17%, а овие бројки продолжиле со негативниот тренд дури и во месец ноември. И сите други разновидни обработени и пакувани месни производи имале намалена продажба од околу 10% во просек. 

Мартин Вуд, експерт во продажна стратегија вели:

„Иако постои некаква поврзаност меѓу одредени видови на месо и некои форми на рак, оваа изјава од високо почитувано глобално тело како СЗО привлече големо влијание и имаше инстантно влијание врз изборот на пазарување на луѓето ширум светот. ”

25 Ноември 2015

За авторот