Наслов

Ѓумбир за побрза рекуперација

Туберот спакуван со антиоксиданси и одлична ароматерапија, може да ви го подобри и фитнес нивото преку едноставен механизам...

Во последното истражување кое се фокусира на ѓумбирот испаѓа дека истиот дава солидни резултати во забрзувањето на мускулната регенерација по кревање на тегови. Истражувачите велат дека ѓумбирот по своето делување во организмот ги имитира нестероидните антиинфламаторни лекови и поседува аналгетични својства.

Неколку претходни истажувања се посветени на антиимфламаторните карактеристики на ѓумбирот кај различни спортски дисциплини и сите имаат позитивен резултат. Истражувањето направено кај тркачи на долги стази кои земале суплемент со ѓумбир шест последователни недели покажало дека истите имале пониски нивоа на имуносупресивни цитокини (молекули кои предизвикуваат воспаление) по долгите тренинзи.

Сè на сè, ѓумбирот е одличен додаток за спортисти, а особено добро ќе ви дојде ако вежбате на отворено во претстојната сезона и за рекуперација и за превенција на настинки и грип...

Бидејќи ѓумбирот е честа состојка во кујната на К4Т со задоволство ви ги препорачуваме СОКОТ ОД ЃУМБИР или ЃУМБИРОВАТА СОЛ.

04 Ноември 2015

За авторот