Дали постот ќе те направи подобар спортист?

Дали некогаш сте помислиле на тоа дека клучот за добар резултат во спортот можеби не доаѓа од тренингот и системот на тренирање нити пак од тоа што опфаќа вашата диета? Можеби тајната е во тоа колку јадете.

Дневниот внес на калории е нешто што за секој спортист е исклучително важен. Но дали секојдневното пребројување на протеини, масти и јаглехидрати и нивното внесување во сериозно големи количини е нешто што е добро за нашиот спортски перформанс?

Постојат сè повеќе луѓе и атлети кои веруваат во таканаречениот наизменичен пост. Ваквиот пост не подразбира никакво религиско верување туку ротација на калории во текот на една седмица. Односно во најмногу три дена во текот на една недела вкупниот број на калории нема да надмине 600. Можеби звучи премногу нелогично, но позади овој став стојат и некои научни истражувања. 

Во едно истражување кое имало за цел да ги покаже ефектите од наизменичниот пост биле опфатени 12 машки спортисти кои биле подложени на шест неделен наизменичен пост 5:2. Ваквиот пост подразбира дека секој втор ден спортистите јаделе само 600 калории дневно а наредниот ден ги внесувале вообичаените 2400 калории. Пред да почне истражувањето кај сите бил направен тест за максимално искористување на кислород (VO2max).

По шест недели, научниците одново направиле тест и ги споредиле резултатите. Споредбено со тестот пред почетокот на истражувањето, резултатите по постењето биле значително подобрени. Кај сите учесници срцето работело со понизок број на отчукувања при ист напор, сите имале зголемена енергетска ефикасност. Степенот на замор и лактати во крвта бил намален и со самото тоа била зголемена издржливоста и справувањето со физичкиот стрес врз телото. Исто така за време на истражувањето учесниците загубиле сериозна количина на телесни масти (15.1%) додека пак количината на изгубено мускулно ткиво била минимална 2,91%.

Без оглед на тоа дали се бавите активно со некој спорт, ваквиот тип на наизменично или повремено постење може да ви донесе бројни користи. Подобрена дигестија, забрзан метаболизам, намалена тежина се само некои од нив.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија