Комерцијален текст

Наслов

Арганово масло

Дрвото арган од видот Argania spinosa, познато и како течното злато на Мароко, е еден од најстарите видови на дрвја на Земјата. Полека исчезнува и сега може да се најде само во југо-западниот дел на Мароко.

Тоа издржува суша и температури дури до 50 степени целзиусови. Опстојува од 150-200 години и доколку престане неговата егзистенција, по 7 години неговиот корен повторно се регенерира. По обликот плодот наликува на маслинка, а во него се наоѓа семе со 3 јадра, од кое со ладно пресување се добива маслото. За еден литар масло потребно е околу 40кг. овошје и 20 часа работа. Спроведени се неколку проекти за да се спаси овој вид на дрво, односно аргановата шума која покрива повеќе од 8,280 км2 и е национално богатство во Мароко кое што сега е под заштита на УНЕСКО. Аргановото масло, старо илјадници години, својот подем го доживува дури во 21-виот век.

Арганово масло е едно од ретките и најскапите масла на светот. Неговите тајни својства беа откриени во поново време во светот на убавината, каде што сега се многу добро познати за козметичките придобивки. Производот е најбаран од сите козметички компании во Европа. Аргановото масло е најпознато по своите квалитети против процесот на стареење. Докажано е дека ја намалува појавата на брчки, ја подобрува виталноста на кожата и има својства на лекување. Најчесто се употребува во производи против стареење, лосиони за тело, лузни и третмани на егзема, сапуни, креми и шампони. Исто така, аргановото масло служи и за поттикнување на циркулацијата, подобрување на капацитетот на мозокот, има анти-инфламаторно дејство, има корисен ефект врз црниот дроб и варењето на храната, ревматски и кардиоваскуларни болести и воедно претставува моќен антиоксиданс за имунолошкиот систем. Аргановото масло содржи повеќе од 80% есенцијални незаситени масни киселини, вклучително Омега-9 (олеинска киселина) и Омега-6 (линоленска киселина), кои се важни за пресретнување на слободни радикали и помага во формирање на клетките.

Аргановото масло порано било продавано само во Мароко, како волшебен еликсир и било тешко да се најде надвор од регионот на производство. Од 2001-2002 година станува популарен производ во Европа и Северна Европа. Чистото арганово масло е познато како есенција на природна убавина и е богато со ферулинска киселина, осум есенцијални масни киселини, каротеноиди, анти-оксиданси, стероли, сапонини и полифени. Аргановото масло има широка употреба и мултифункционалност. Сето ова е карактеристично за овој скапоцен плод, а тајната на производството е чувана од мароканските жени со векови наназад.

Аргановото масло ja хидрира косата и ја прави мека и мазна. Како што аргановото масло влегува во косата, така ја подобрува еластичноста и го стимулира растот на косата. Поради антиоксидантните својства, аргановото масло овозможува регенерација на клетките што се наоѓаат околу коренот на влакното, поточно во фоликулата со која што е опколен самиот корен, а со тоа воедно се овозможува и намалување на оштетувањето на косата. Одлично е за сите типови на коса. Му помага на влакното да се опорави, да го врати сјајот и ја штити косата од штетните хемикалии. Одлично е за нега на косата во текот на целата година, особено во зимскиот и летниот период, бидејќи тогаш е изложена на зголемени штетни влијанија.

Ова масло содржи многу високи количини на незаситени масни киселини, вклучувајќи и линоленска киселина, која ја штити и регенерира кожата. На овој начин се спречува сушењето на кожата и губење на еластичноста, со што се спречува настанување на брчки, па така кожата станува мека и затегната. Перформансите против појавата на брчки се зголемуваат како резултат на присуството на големи количини на витамин Е (токоферол) кој е познат како најмоќен биолошки антиоксиданс и како таков ги неутрализира слободните радикали. Исто така, витаминот Е ги заштитува клеточните мембрани од липидна оксидација, а со тоа се забавува процесот на стареење, како и регенерација на лузни на оштетената кожа.

Висококвалитетното арганово семе е внимателно селектирано и ладно цедено, така што се произведува комплетно органски чисто aрганово масло. Маслото е лабораториски анализирано и сертифицирано, и како такво е достапно денес на пазарот.

БИОкулт како еден од најпознатите брендови за здрава храна, кој секојдневно се грижи за здравјето на своите верни купувачи, го има вклучено и овој скапоцен плод во својата високоразновидна палета на производи со цел да им го овозможи на своите клиенти најдоброто и најквалитетното во Македонија. За секој кој посакува да ужива во придобивките на најчистото масло од срцето на аргановата шума и воедно елексирот на убавината и здравиот живот, во продажните места на БИОкулт може да го пронајдат природното арганово масло на брендот Bioplanete.

07 Јули 2016

За авторот