Акаи – најмоќната бобинка во светот

Сите бобинки во светот се силно оружје на природата спакувани во минијатурни големини. Изобилуваат со мноштво хранливи материи и се наоѓаат во исклучително еколошки предели. Меѓу сите нив се чини дека една мала темно-пурпурна бобинка од срцето на Амазонија го зема приматот на најмоќна. Запознајте ја бобинката Акаи.

Потекнува од дождовните шуми на Бразил во областа Амазонија и расте на Акаи палма во форма на гроздови. Има темно виолетова боја и големина од само 2.5см. Со милениуми наназад овој мал плод бил единствено користен од домородните племиња на Амазонија заради неговата исклучително хранлива вредност и здравствени придобивки. Кон крајот на дваесетиот век оваа бобинка се појавува на европскиот пазар и оттогаш наваму неговата употреба и популарност е се поширока.

Еве и зошто:

Како и сите други бобинки и Акаи бобинката изобилува со антиоксиданси и тоа во многу поголеми количини од боровницата, гоџи бобинките, брусницата. Антиоксидансите (во прв ред витамините Ц и А) се исклучително важни бидејќи ги неутрализираат штетните ефекти кои слободните радикали можат да ги предизвикаат на клеточно ниво.Оттаму многу истражувања укажуваат на тоа дека редовната употреба на производи или суплементи на Акаи ја пречуваат појавата на рак и влијаат на уништувањето на келиите на ракот во рана фаза.

Понатаму, количините а антиоксиданси кои оваа бобинка ги има е тоа што влијае на успорување на процесот на стареење на кожата па затоа наоѓаат се почеста примена во козметичките препарати.

Заради количината на диетални влакна и изобилството на витамини од групата Б (пред се Б3), акаи бобинката ја регулира цревната дигестија и помага во празнење на цревата. Таа е сојузник во борбата со вишокот на килограми и само мала количина од неа ви создаваат чувство на ситост.

Исто така, употребата на Акаи превенираат заболувања на кардиоваскуларниот систем бидејќи во својот состав содржат растителни стероли кои го намалуваат холестеролот, ја забрзуваат циркулацијата и оневозможуваат формирање на тромбови.

Во последните 20 години овој плод е еден од најистражуваните и сите тие се со заклучок дека ова е една од најздравите работи кои може да ги имате во својата исхрана. Еве само дел од листата на здравствени бенефити: антиканцерогени својства, подобра кожа и коса, детоксикација и подобрена дигестија, регулиран крвен притисок, зголемена енергија и подобар имунитет, зголемено либидо, меморија….

За жал Акаи бобинката не може да се најде во свежа форма бидејќи кратко време по нивното берење почнуваат да ги губат нутритивните својства. Затоа Акаи бобинката најчесто се наоѓа во форма на замрзнат плод, паста, во форма на прашак (таблети) или џус.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија