6 Придобивки од медот

Еве неколку работи кои треба да ги знаете за медот, доколку сакате максимално да ги искористите неговите придобивки.

• Медот не треба да се зема со метална лажица бидејќи на тој начин губи драгоцени состојки, наместо тоа користете керамички или најдобро дрвени лажички, специјални за мед.

• Медот не треба да се затоплува над 45 степени целзиусови, за да не дојде до уништување на неговите антибактериски својства, па затоа наредниот пат кога ќе си приготвите чај, почекајте неколку минути пред да си сипете мед.

• Се препорачува медот да се зема растворен во млаки или ладни пијалаци, а најдобро вода. Тој е хигроскопен, односно ја повлекува околната вода во себе, со што може да ја оштети (исуши, дехидрира) слузницата на горните хранопроводни патишта. Ова особено може да биде непријатно за децата.

• Медот растворен во вода може да се користи за промивање на уста со што локално ќе делува со своите антибактериски дејства, особено поволно кај лица со пародонтопатија.

• Локалниот мед од пчелите во вашата околина е феноменална имунотерапија за полен алергии. Всушност овој мед ги содржи неактивните форми на поленски антигени од вашата околина и со тоа го стимулира имуниот систем за навремено создавање на антитела. Важно е медот да биде од тезгата на чесниот локален медар за успешно провоцирање на имуниот систем.

• Бактеријата H. Pylori која претставува наш незгоден желудочен сопатник е во голем процент фактор за непријатниот гастрит, чир на желудникот и се повеќе присутниот канцер на желудникот. Редовната консумација на мед е благороден лек за овие заболувања.

Медот е готов производ уште во пчелините кошници и секаква друга екстра манипулација само може сакано или несакано да ги намали хранителните и лековитите својства. Затоа консумирајте мед директно од кошница 🙂