Наслов

Салеп како еликсир на љубовта

Салепот се приготвува од коренот на ОРХИДЕИТЕ (ORCHIS) познати по прекрасните цветови во различни бои.  Постојат 24 семејства и околу 90 класи на орхидеи но само од некои се произведува салеп,  како orchis maskula I orchis militaris.

Сексуалната моќ салепот ја објаснува со своето име ORCHIS што на грчки значи тестис а SAHLEP по турски значи тестис на лисица. Всушност салепот се прави од компирките или кртолата кои личат на тестиси како по бројот така и по обликот. Едниот го храни цветот а другиот е резерва, кои може да генерира и други во случај ако се набере за производство на салеп. Културата во берењето е основната алатка за одржувањето на оваа врста на исцелителни билки.

Добро измиени а потоа исушени кртолите се мелат до што поситно тоа поубаво.Вака добиениот белузлав прав во основа скроб-полисахарид, е готов за припремањето на магичен и моќен пијалак САЛЕП.

Во многу земји на истокот, пред се во  Турција салепот е традиционална пијачка а ритуалот на спремањето само ги надополнува задоволствата.

АНТИЧКИ РЕЦЕПТ ЗА ПРИПРЕМА НА САЛЕП е  едноставен: за припрема на два филџана салеп потребно е да се измеша 300мл млеко со 1 лажица салеп и 2 лажици шеќер и истите да се вријат со непрекинато мешање. Кога ќе се згуснат состојките салепот е готов.

Се претура во филџаните и се попрскува со Цимет. Прекрасниот заносен вкус со бакшиш ароматерапијата од припремата на салепот само ги надополнува ефектите.

Препорачана жешка пијачка во зима е одлична превентива од настинки, а своите лековитости ги има кај кашлицата, бронхитот, опстипацијата, ја зајакнува работата на срцето ги зголемува менталните способности и прави силен поттик на половата зрелост и страст.

Со своите хранителни и лековити својства препорачан е и како одличен спортски напиток најчесто после напорни телесни активности во зимски периоди кога ефикасно врши надополна на гликогенското депо.

Салепот е одличен избор на нашето зимско мени.

30 Декември 2012

За авторот

Најнови членови

На Facebook