Наслов

Комбинацијата кафе-какао ја зголемува функцијата на мозокот

Едногодишниот експеримент спроведен од Универзитетот Џорџија и Кларксон имал за цел да открие како топлите пијалоци (кафе и какао) влијаат врз нашите когнитивни перформанси.



Во оваа студија, учесниците требало да консумираат какао со и без кофеин, само кофеин како и пијалоци кои не содржат ниту какао ниту кофеин.

По извршените експерименти и разните когнитивни тестирања, резултатите покажале дека комбинацијата на кофеин со какао е добар избор за секој што сака да ја зголеми концентрацијата и функцијата на мозокот.

Резултатот е донесен откако учесниците кои ја консумирале оваа комбинација ги завршиле тестовите побрзо од другите.

16 Јуни 2018

За авторот