Како да се хидрирате ефективно и алтернативно?

Долги денови, топли ноќи и дехидрирани тела. Во лето правилната хидратација е ултиматум…

8 чаши вода на ден или 1.5 – 2 литри се препорачани од докторите и нутриционстите, но бидејќи секое тело е различно, а уште повеќе во летен период секое тело различно се поти и реагира на високите целзиуси, оваа литража треба сериозно да ја зголемите.

За да немате мака со концентрација, фокус, главоболки, летаргии и изнемоштеност, кои се први знаци за дехидратација, обратете внимание на тоа колку вода внесувате. Освен тоа хидратација не значи само вода и полнење шишиња. Повелете неколку трикови како хидрирањето да ви биде вкусно и шаренолико…

1. Јадете свежо овошје и зеленчук. При процесот на готвење, конкретно зеленчукот бидејќи е често мета на кулинарски експерименти, доаѓа до негова дехидратација. Затоа избегнете обработување и јадете свежи продукти. Надокнадувате одлична количина на течности, но исто така консумирате минерали и витамини, кои се губат преку потењето.

2. Краставици, лубеници и дињи. Овие овошја и зеленчуци содржат од 90 – 96% вода, перфектни рехидрататори, полни со фитонутрициенси, витамини и минерали. Се што ви треба е да ги консумирате свежи или уште подобро да ги изблендирате во вкусни освежителни сокови.

3. Потопете чиа и оставете да набабри. Чиа семето всушнот има способност да абсорбира до 9 пати повеќе волумен, па така внесувате и повеќе течности со вашите омилени семчиња, во спротивно останува да набабри во вашиот дигестивен систем, абсорбирајќи од внатрешната течност.

4. Направете си сорбе од овошје, наместо сладолед, за помалку калории и повеќе течности. Замрзнете банана исечена на крупни парчиња, а потоа изблендирајте ја и уживајте во нискокалоричниот сладолед. Истото можете да го направите и со други овошја.

5. Јадете хидрирачка летна салата како нашата омилена жетварска. Рецептот може да го најдете на овој линк.