Чаеви кои секогаш треба да ги имате при рака

Во овој период на вирози и настинки дури и најсилните имуни системи може да потфрлат, затоа секогаш при рака имајте од овие чаеви и за превенција и за терапија.

Убедливо најпрепорачуван чај за зајакнување на имунитетот е чајот од ЕХИНАЦЕА. Освен што го подобрува имуниот одговор кон вирусите и бактериите преку неспецифични механизми на дејство, исто така го олеснува и изборувањето со веќе постоечка инфекција. Неколку лажички сушена ехинацеа потопете со врела вода. Се пие после оброк трипати на ден, во времетраење од еден месец, по што се препорачува пауза од еден месец. Без разлика дали чувствувате или не пад на имуниот систем, во овој период на телото му е потребна и поддршка од надвор, а има ли полесно нешто од консумирање шолја чај?!

За виталност, здравје и убавина апсолутен ултиматум е ЗЕЛЕН ЧАЈ. Овој чај го подобрува метаболизмот, го забрзува и ја олеснува работата на цревата. Со самото тоа се намалува подуеноста и побрзо се исфрлаат токсините од организмот, а вашата машина подобро ќе работи и ќе се чувствувате подмладено. Зелениот чај дури може и да ви го замени утринското кафе. За корекција на горчливиот вкус додадете неколку капки лимон и лажичка мед.

За дигестивни проблеми, дијареа, подуеност, научно е докажано дека чајот од НАНЕ има одлично терапевтско дејство. Најдобро е тоа да биде чај од млади листови на нане, бидејќи истите содржат и најголема количина етерични масла. Бидејќи чајот нема нус ефекти и има благопријатно и смирувачко дејство се препорачува и кај најмладата популација.

Ако патите од несоница, пред легнување испијте една шолја чај од МАЈЧИНА ДУШИЦА. Етеричните масла кои ги содржи оваа билка ги опуштаа мускулите, релаксираат и помагаат со несоницата, па за да се разбудите наспани и задоволни почнете да го употребувате овој чај. Совет плус е дека чајот од мајчина душица се приготвува во затворен сад бидејќи состојките кои најмногу помагаат при бессоните ноќи се многу лесно испарливи.

За дезинфекција на грлото и усната празнина се препорачува чајот од ЖАЛФИЈА. Особено ако имате ранички во усната празнина, афти или некаков облик на гингивитис или пародонтопатија се препорачува токму овој чај. Листовите а оваа билка содржат етерични масла кои се и нејзините главни лековити состојки, а највисока концентрација имаат во мај кога и се бере жалфијата.